Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки светски стандарди. Нашиот хотел е олицетворение на хармонија помеѓу елегантни форми и бои, софистициран стил, со што претставува место што го прави прв избор за патниците.
Доколку сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Parkland Hospitality Group на следната работна позиција:
ХАУСМАЈСТОР
Работни задачи и обврски:
- Превземање на превентивни мерки и навремено реагирање за избегнување на дефекти и непречено одвивање на работата во хотелот.
- Редовно одржување и отстранување на ситни дефекти од електричните уреди и системи во хотелот
- Одржување на системите за ладење и греење
- Одржување на водоводната инсталација (довод-одвод)
- Познавање од столарски работи
- Води евиденција за извршените поправки и потрошениот материјал и доставува извештаи до претпоставениот
- Следење на сервисни интервенции на надворешни лица и контрола за навремена и квалитетно завршена работа
Потребни способности и компетенции:
- Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку копчето брза апликација, за повеќе информации јавете се на 071388969