Vrabotuvanje.com - Помлад соработник за наука и настава - Скопје - Економски институт – Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Помлад соработник за наука и настава

Скопје

Рок за пријавување:

  • Економски институт – Скопје

Арх. Број 04 – 1081/2

Врз основа на член 20-г, став 1 од Законот9 за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/2019 и 14/2020), член 22 став 1 точка 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018) и член 160 став 1 точка 2 и став 3 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/2021) и Известувањето бр. 19 - 10921/2 од 5.11.2024  година од Министерството за финансии и бр. 14 – 10999/4 од 5.11.2024 од Министерството за образование и наука за добиена согласност за вработување на едно лице во Економскиот институт - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2024
 за засновање на работен однос на едно лице

 

Економскиот институт - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има потреба од засновање на работен однос, односно вработување на неопределено време, и тоа:

1. Eдно (1) лице на работно место: помлад соработник за наука и настава

 
Услови: 
  • Високо образование или најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, односно VI степен, од научно поле: Право или Економија и бизнис;       
  • Работно искуство: со и без работно искуство во струката;
  • Познавање на странски јазик (англиски, француски или германски);
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Неделно работно време е 40 часа од понеделник до петок; 
  • Дневно работно време е 8 часа, од 08:00 - 16:00 часот; 
  • Основна нето плата 37.000,00 денари, односно бруто плата 55.627,00 денари, платата може да биде променлива.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови (да се државјани на Република Северна Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност). 
 
Потребна документација за работното место: пријава со назначување на работното место за кое се конкурира, биографија, уверение и диплома, диплома или друг документ за активно познавање на странски јазик (англиски, француски или германски), компјутерски програми за канце¬лариско работење и доказ за работно искуство, доколку го има. 
 
Во пријавата кандидатот задолжително да наведе адреса, телефон и e-mail. 
Рокот за пријавување е осум (8) работни дена од денот на објавувањето. 
Со кандидатите кои ги исполнуваат предвидените услови ќе се изврши интервју.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 7 (седум) дена по истекот на рокот за пријавување. 
Пријавата со документацијата да се доставува во архивата на Економскиот институт во Скопје или по пошта на адреса: Економски институт - Скопје, ул. Пролет, бр. 1, 1000 Скопје, или преку полето Брза Апликација тел. 078/451-433 (во период од 8 - 16 часот).
 

Економски институт – Скопје 
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Образование и наука изнесува 22.985 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде