АНАЛИТИЧАР - 1 извршител
Основни задачи и одговорности:
- Анализа на цените на пазарот
- Неделна проверка на цените на стоматолошката опрема, инструментите, потрошениот материјал итн.
- Анализа на активности во стоматолошки ординации и заботехнички лаборатории
- Споредување на процесот на интерни и екстерни нарачки за стоматолошки ординации и заботехнички лаборатории на компанија
- Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
- Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот.
Посакувани карактеристики
- ВСС - Завршено високо образование - Економски факултет - претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
- Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
Очекувани вештини и способности
- Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
- Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
- Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
- Професионален и позитивен однос
- Флексибилност за работа во динамична атмосфера
Што нудиме
- Редовни месечни примања,
- Можност за професионален развој и надоградба
- Тимска работа и позитивна работна атмосфера
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), испратете ја преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „Оглас за АНАЛИТИЧАР“.
Забелешка: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.