Vrabotuvanje.com - Аналитичар на цени - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар на цени

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЗЕГИН ДОО

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
 
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:

АНАЛИТИЧАР НА ЦЕНИ НА ПАЗАР

 

 

Основни задачи и одговорности:
  • Анализа на цените на пазарот
  • Неделна проверка на цените во аптеки и маркети
  • Анализа на активности во аптеки, маркети (акции, промоции)
  • Посета на наши аптеки
  • Споредување на процесот на интерни и екстерни нарачки за аптеките на компанија
  • Обезбедување на целосна документација за регистрација и увоз на производи
  • Воспоставување и одржување на редовна и професионална комуникација со сегашните и идните надворешни соработници
  • Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
  • Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот
  • Деловна администрација на секторот (комуникација, организација на состаноци, координација)
Потребни квалификации:
  • ВСС, VII степен на Економски Факултет - Е-бизнис претставува предност
  • 1-2 години искуство во областа, анализа на продажба и администрација на продажба
  • Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
Посакувани карактеристики:
  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа

​Што нудиме:

  • Солидна плата по договор
  • Можност за професионален развој и надоградба
  • Бенефити за вработени
  • Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет"
  • Програма за кариерен развој
  • Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки
 
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик или јавете се за повеќе информации на 071 310 272 или 071 388 058.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде