Vrabotuvanje.com - Асистент во магацин во Parfois, Сити Мол - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент во магацин во Parfois, Сити Мол

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

FashionGroup вработува

АСИСТЕНТ ВО МАГАЦИН ВО PARFOIS CITY MALL

Главни обврски:

  • Прием и потврда на примени кутии со помош на pathfinder и обезбедување на нивен истовар
  • Отварање и складирање на добиените нарачки истиот ден
  • Подготовка на производите за продажба (аларми, скенирање, лепење декларации и сл.
  • Менаџирање и реорганизација на магацинскиот простор според потребите
  • Прелепување на артикли за попусти и промоции
  • Враќање на робата од тековната сезона според инструкциите на компанијата
  • Грижа за хигиената во магацинскиот простор

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на работа со софтвери за водење залиха
  • Работа со PDA апарат/псион и сл. уреди за внес на шифри на производи
  • Навременост и самостојност во извршување на работните задачи
  • Пожелно работно искуство

Работно време:

  • Од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку полето Брза Апликација.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде