Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажба - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје

Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.

Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цела – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

Имајќи го предвид нашето разбирање и моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.

Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!

ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА 
 

Опис на работата:

  • Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа;
  • Организирање, координирање и водење на продажните активности;
  • Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности;
  • Стратешко планирање и развој на производи и услуги;
  • Посета на постоечки и нови клиенти, како и комерцијална и техничка поддршка на постојните клиенти;
  • Развој на долгорочни планови за продажба;
  • Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите;


Потребни квалификации:

  • Високо образование – Завршен архитектонски факултет ќе се смета за предност;
  • Најмалку 2 години работно искуство во продажба со недвижности;
  • Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на англиски јазик и работа со Office апликации;


Што нудиме:

  • Мотивирачка атмосфера и плата по договор;
  • Колективно осигурување од несреќа;
  • Можност за напредување во кариера; 
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата Специјалист за продажба.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде