ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.
Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори.Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет ВДЛ Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отворени се нови работни места за следниве позиции:
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
- Имплементација на сите безбедносни стандарди;
- Вршење на различни задачи при инсталирање и одржување на објектот и на опремата за производство;
- Вршење на итни поправки на опремата за производство при пријава како и планирани превентивни поправки и прегледи;
- Познавање на автоматика, електрика, механика, пневматика и хидраулика;
- Искуство во работа со рачен, електричен и пневматски алат;
- Искуство во работа со вилушкар и платформа за работа на висина;
- Задолжително средно образование од техничките науки (Електро струка);
- Валидна лиценца за возење на виљушкар и моторно возило ( ќе се смета за предност);
- Способност за читање на техничка документација;
- Претходно работно искуство во оддел за одржување во производствена средина;
- Подготвеност за работа во смени како и итна интервенција на повик;
- Познавање на регулативите за здравје и безбедност при работа;
- Способност за прецизна работа со детали;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови;
- Посветен на работата и насочен кон реализирање на поставените цели;
- Способен за превземање иницијатива во работењето;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
- Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
- Можности за обука во странство;
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
- Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
- 24/7 дополнително осигурување од незгода;
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
- Обезбеден превоз до/од работното место;
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
- Бонус за препорачан пријател на работа;
- Тим билдинг активности;
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.