Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Жито Лукс АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • Жито Лукс АД Скопје

 

ЖИТО ЛУКС АД Скопје, водечка Компанија од областа на прозводство на леб, брашно и пекарски производи, поради проширување на својот тим во Сектор Финансии, има потреба од:
 
СМЕТКОВОДИТЕЛ
 


Опис на работните задачи:
  • Евидентирање/книжење на извозно-увозна документација (фактури за набавени суровини, трговска стока, основни средства, резервни делови, услуги итн.);
  • Евидентирање на трансакции поврзани со банкарски заеми, каматни листи, договори за осигурување и лизинг;
  • Пресметка и евиденција на сите видови даноци поврзани со обврските во земјата за добавувачи-правни и физички лица (данок од задршка, персонален данок и сл.);
  • Усогласување на салдата на јавни даноци и царински давачки со релевантните државни институции;
  • Поддршка на процесот на затворање на системската евиденција на крајот на секој месец и крајот на годината;
  • Учествува во изготвување на годишна сметка, годишен даночен биланс и годишни финансиски извештаи на компанијата (локален пакет и МСФИ пакет за цели на консолидација);
  • Врши други работи и работни задачи по налог на претпоставениот, во рамки на активностите од службата за сметководство;
 

Потребни квалификации:
  • ССС или ВСС
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office 
  • Со и без работно искуство во областа 
     
 
Кандидатите треба да испратат кратка биографија (CV)  не подоцна од  04ти Декември 2024 година, на следната адреса ЖИТО ЛУКС АД Скопје, бул. Македонско Косовска Бригада бр. 44, Скопје или електронски преку полето Брза Апликација. Само најтесниот избор на кандидати ќе биде контактиран. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде