Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - Компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа има потреба од:
РАКОВОДИТЕЛ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ
Услови:
ВСС
Познавање на странски јазик
Претходно менаџерско искуство и работно искуство во трговија со прехранбени производи од најмалку 5 години, како и познавање на продажните објекти;
Искуство во подготовка и развивање на стратегии за продажба, анализи и извештаи;
Напредно познавање на работа со компјутер, активно познавање на MS Office;
Возачка дозвола Б -категорија (активен возач).
Личен профил:
Одлични лидерски, организациски, комуникациски и преговарачки вештини;
Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи;
Флексибилност за работа на терен;
Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
Способност за ефикасно управување со времето, работа под притисок и со кратки рокови;
Деловна култура и одговорност.
Одговорности и задачи:
Одговорен за развој и имплементација на стратегии и бизнис планови со цел зголемување на продажбата;
Комуникација со веќе постоечките и стекнување на нови клиенти;
Одговорен за креирање и имплементација на политика за навлегување во нови пазари;
Го организира подобрување на пласманот на производите на пазарот, согласно потребите на пазарот;
Го менаџира изготвувањето понуди и договори за деловна соработка за новите и веќе постоечките купувачи;
Обврска да го организира менаџирањето на клучни клиенти, комуникација и организирање на маркетинг активности кај клучните клиенти, презентација и промотивни активности;
Ги следи трендовите на пазарот и детектира можности од стратешко значење на компанијата
Има обврска да води и да издава уредна финансиска документација за работењето;
Го менаџира и е одговорен за изготвувањето на анализи и извештаи на извршените активности и резултатите од продажбата;
Ние нудиме:
ОДЛИЧНА плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност;
Службен мобилен и службено моторно возило со право на користење во работно време за извршување на работните обврски и одговорности;
Позитивна и пријатна работна атмосфера;
Можност за професионален развој;
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Доколу овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата “РАКОВОДИТЕЛ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ “
Напомена:
Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликации без назнака нема да бидат разгледани.
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!