Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЗЕГИН ДОО
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ПРОДАВНИЦА ЗА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА - ОХРИД
Потребни квалификации:
Образование од медицински науки
Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Одлично познавање на MS Windows и MS Office
Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
Потребни вештини и способности:
Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
Претприемачки дух, стручна компетентност
Исполнување на таргети
Што нудиме:
Стимулативна плата и бенефиции
Исплата на сите додатоци на плата
Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
За најдобрите вработени – наградно патување
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!