Опис на работно место:
Сметководствено - финансиско работење:
- Книжење, ликвидирање и контрола на целокупна сметководствена документација;
- Изготвување и достава на ДДВ пријави;
- Пресметка на аконтации за данок на добивка;
- Подготовка и поднесување на завршна сметка и финансиски извештаи;
- Подготовка на извештаи до надлежни институции;
- Познавање и примена на важечка законска регулатива од оваа област.
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ССС/ВСС - Економски факултет
- Работно искуство:Мин.5 год.работно искуство во областа сметководство и финансии и задолжително поседување на лиценца за Овластен Сметководител/Сметководител
- Познавање на МS Officе пакетот и работење во Excel
- Познавање на Англиски јазик
- Возачка категорија : Б категорија
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
- Аналитички способности, организациски способности, комуникативност, тимска работа, доверлива личност.
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Преку Брзата Апликација.
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 16.12.2024 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.