Vrabotuvanje.com - Вработување во Министерство за финансии - Скопје - ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Вработување во Министерство за финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 279/2024

 2 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за финансии 

1. УПР0101В01000 Советник за организациони работи и следење на секторите, Одделение за поддршка на работата на министерот, заменикот на министерот и државниот секретар, Сектор Кабинет на министерот                                      (1) извршител(и)

Општи услови
  • -   да е државјанин на Република Македонија,
  • -   активно да го користи македонскиот јазик,
  • -   да е полнолетен,
  • -   да има општа здравствена способност за работното место,
  • -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
  • - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки - Економија и бизнис или Право
  • - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
   Општи работни компетенции
  • - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • - учење и развој
  • - комуникација
  • - остварување резултати
  • - работење со други/тимска работа
  • - стратешка свест
  • - ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • - финансиско управување
   Посебни работни компетенции
  • - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
  • -   Работни денови понеделник-петок
  • -   Работни часови неделно 40
  • -   Работно време од 07:30 до 15:30
  • -   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 34.150,00 Денари

2. УПР0101В04000 Помлад соработник за работи поврзани со органите на државната власт, Одделение за поддршка на работата на министерот, заменикот на министерот и државниот секретар, Сектор Кабинет на министерот                                      (1) извршител(и)

Општи услови
  • -   да е државјанин на Република Македонија,
  • -   активно да го користи македонскиот јазик,
  • -   да е полнолетен,
  • -   да има општа здравствена способност за работното место,
  • -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
  • - ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки - Економија и бизнис, Право или Политички науки
  • - со или без работно искуство во струката
   Општи работни компетенции
  • - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • - учење и развој
  • - комуникација
  • - остварување резултати
  • - работење со други/тимска работа
  • - стратешка свест
  • - ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • - финансиско управување
   Посебни работни компетенции
  • - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
  • -   Работни денови понеделник-петок
  • -   Работни часови неделно 40
  • -   Работно време од 07:30 до 15:30
  • -   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 27.984,00 Денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Јавни услуги и непрофитни организации изнесува 32.203 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде