Vrabotuvanje.com - Раководител на смена во производство - технолог - Скопје - ВИВАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на смена во производство - технолог

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 30 години и брои повеќе од 120 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Искористете ја можноста за работа во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО - ТЕХНОЛОГ 


 
Одговорности и задачи: 
  • Контрола на квалитетот на влезни сировини, репроматеријали и готов производ;
  • Следење и одржување на квалитетот на готов производ врз основа на лабараториски анализи,
  • Согледување и анализирање на производствениот процес, предлагање на мерки и разрешување на техничко-технолошките проблеми;
  • Континуирано имплементација и одржување на системот за безбедност на храна,
  • Учество во техничко-технолошките процеси за унапредување на производството;
  • Учество во креирање на развојни програми, нови производи, пакувања и сл.
  • Следење на функционирањето и исправноста на постројките и превземање на мерки за отстранување на дефекти согласно стручната спремност,
  • Организирање на вработените, нивно обучување, распоредување и контролирање на работењето во смената.
 
Потребни квалификации: 
  • Кандидатите со ВСС- Технолошки факултет и Факултет за земјоделски науки и храна или претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 3 (три) години ќе имаат предност при изборот;.
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Одличо познавање на MS Office пакетот.
 
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
 
 Ви нудиме:
  • Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 45.000-50.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција, додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи);
  • Исплата на регрес за годишен одмор;
  • Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера
 
Општи правила за аплицирање:
  • Именување на документот за аплицирање - CV (во кое ќе бидат наведени степенот на образование и работното искуство;
  • Назнака на позицијата за која се аплицира (во самиот маил);
 
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
 
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО – ТЕХНОЛОГ
 
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 28.11.2024 до 12.12.2024).
 
Напомена:
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани за интервју.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира НЕМА да бидат разгледани!
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде