Vrabotuvanje.com - Референт во служба сметководство и финансии - Скопје - ГЕИНГ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт во служба сметководство и финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ ДОО Скопје

 
 
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 
Oглас за работна позиција: Референт во служба сметководство и финансии
 

Опис на работно место:  

Сметководствено - финансиско работење:

  • Прием контрола и евиденција на влезна документација;
  • Изработка и евиденција на излезна документација;
  • Подготовка на Извештаи за состојба на долгувања-побарувања;
  • Евиденција и следење на наплата;
  • Банкарско работење;
  • Подготовка на извештаи до надлежни институции;
  • Познавање и примена на важечка законска регулатива од наведените области.

Минимум потребни квалификации:

  • Образование: ССС/ВСС - Економски факултет;
  • Работно искуство: Минимум три години работно искуство во областа сметководство и финансии, поседување на лиценца за Овластен сметководител ќе се смета за предност;
  • Познавање на MS Office пакетот и работење во Еxcel;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Дополнителни квалификации/вештини/познавања: 

  • Аналитички способности, организациски способности, комуникативност, тимска работа, доверлива личност.

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • Преку Брзата Апликација.
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 16.12.2024 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде