Ланком Компјутери д.о.о. има потреба од следната работна позиција:
СЕРВИСЕР НА КОМПЈУТЕРСКА ОПРЕМА
Опис на работнoто место:
- Сервисирање, поправка и техничка подршка на клиентска опрема (лаптопи компјутери, монитори);
- Сервисирање, поправка и техничка подршка на серверска и мрежна опрема;
- Инсталација, конфигурирање и работа со оперативни системи;
- Водење грижа за задоволството на клиентите и нудење на постојана техничка поддршка на истите;
- Комуникација со странски партнери;
- Подготовка на извештаи и техничка документација;
- Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата.
Потребни квалификации:
- Завршенo Средно, Вишо или Високо образование од областа на информатички науки и компјутерско инженерство;
- Познавање на хардверски компоненти и одржување на истите;
- Познавање на оперативните системи, Windows, Linux;
- Познавање на виртуелни околини;
- Активно познавање и користење на Англиски Јазик;
- Возачка дозвола од Б категорија.
Претходно работно искуство:
- Со работно искуство како сервисер или без работно искуство.
Професионални знаења и способности:
- Солидни технички познавања и висок степен на ИТ компетентност;
- Самоиницијатива и флексибилност;
- Развиени комуникациски и презентациски вештини;
- Способност за тимска работа и мотивираност;
- Способност за учење на нови технологии.
Сертификати:
- Предност имаат кандидати со постоечки сертификати од областа на компјутерските технологии.
ЛАНКом Компјутери нуди стимулативна средина, тренинг и можност за професионално усовршување во рамките на компанијата.
Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. Дискрецијата на сите апликанти е строго загарантирана.
Веб страна: www.lancom.com.mk