Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител за внатрешно сметководство - Скопје - ТЕКНОПАНЕЛ ДОО Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Овластен сметководител за внатрешно сметководство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕКНОПАНЕЛ ДОО Илинден
                                          

Компанијата Текнопанел е една од најголемите извозници во  Рeпублика Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Република Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за Текнопанел вон матичниот пазар, а планирани се да се изградат две фабрики чија главната дејност ќе биде производство на Експандиран полистирен и Сендвич панели.

Двете фабрики се во завршна фаза на изградба во Технолошко Индустриска Развојна Зона – Скопје 1, Бунарџик/Илинден, и истата поради тоа има потреба од следната работна позиција:

 

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО

 

Услови:

  • Лиценца за овластен сметководител – ќе биде предност
  • Познавање на работа во сметковдствен програм PANTHEON
  • Претходно работно искуство со сметководствени регулативи и програми , изготвување на завршна сметка и финансиски извештаи;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
  • Познавање на англискиот јазик (усмено и писмено изразување);
  • Универзитетска диплома (финансии- Економски факултет)

Работни задачи:

  • Водење на сметководственото работење и контрола на истото,
  • Изготвување на завршни годишни сметки,
  • Контрола на книжење на финансиската и материјалната документација,
  • Пресметка на плати,
  • Плаќање на налози,
  • Подготовка на финансиски и годишни извештаи,
  • Сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка,
  • Комуникација со сите релеванти државни институции,

Компанијата нуди:

  • редовни месечни примањa;
  • можност за брзо напредување во кариерата;
  • регрес за годишен одмор;
  • бесплатен оброк и организиран превоз
  • можност за обука во Р.Турција со обезбедени трошоци.

 

Доколку сте заинтересирани испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде