Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:
МЕНАЏЕР ЗА ИСПОРАКИ И МОНТАЖИ
Kärche
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
Завршено високо образование од областа на техничките науки
Претходно работно искуство во менаџирање на тим и односи со клиенти
Напредно познавање на MS Office и работа со компјутер
Познавање на англиски јазик
Возачка дозвола Б категорија
Одговорност, систематичност и организираност
Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
Способност за работа со временски рокови
Одговорности и работни задачи:
Доделување, следење и контрола на премиум испораки и налози за монтажа на клима уреди
Организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими и премиум испорака (вработени во СМ)
Комуникација, организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими (надворешни соработници)
Одржување на квалитетна услуга
Исполнување на роковите од договорените налози и испораки
Комуникација со клиенти, примање на поплаки и забелешки
Спремање извештаи месечни, квартални и годишни
Одржување и надополнување на мрежата на надворешни соработници
Што нудиме?
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
Континуирана обука
Работно време: 08:00 – 16:00
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање. Огласот е активен до 08.12.2024