Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:
Сервисер
Помошник сервисер за бела техника
Kärche
Потребно квалификации и вештини:
Работно искуство во областа на сервисирање на електронски апарати и апарати за домаќинство
За помошник сервисер не е потребно искуство
Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
Способност за работа со временски рокови
Темелност, одговорност и посветеност
Основно познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet
Возачка дозвола Б категорија, активен возач
Главни задачи и одговорности:
Брзо и прецизно дијагностицирање и отстранување на настанати дефекти
Точно и редовно следење на работните налози
Редовно известување до претпоставените за напредокот во работните активности и евентуалните пречки
Комуникација со клиентите за временски рокови и статусот со уредите оставени за сервис
Услови за работа
Месечен бонус согласно остварувањата, надоместок за минат труд и регрес за годишен одмор, платена прекувремена работа
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
Континуирана обука
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање.