Осигурителното брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје е акционерско друштво овластено за вршење на осигурително брокерски работи со дозвола број УП1 – 14 – 1 – 52 од 07.04.2022 година издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. М БРОКЕР АД Скопје е основано од МФГ Бугарија, групација која е предводник во небанкарските финансиски услуги на пазарот во Централна и Источна Европа со повеќе од 8.300 вработени и соработници, лоцирани во повеќе од 450 канцеларии во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Шпанија и Северна Македонија.
Агенцијата за контрола на доспеани побарувања (АКДП) е водечка компанија специјализирана во ефективна наплата на долгови и е трета компанија од овој вид во групацијата Менаџмент Фајненшл Груп (МФГ). Портфолиото на МФГ е составено од компании – лидери во индустриите на небанкарски финансови инстутуции, заеми за микро, мали и средни претпријатија, кредитни и дигитални картички P2P заеми и BNPL наменски заеми. МФГ има 19 активни регистрации и лиценци за најразлични регулирани активности како: заеми, посредување при кредитирање, осигурување, наплата на побарувања, платежни услуги и издавање на електронски пари.
Како резултат на брзата експанзија во професионализам во работењето во моментот сме во потрага по
Лиценциран сметководител.
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Финансиско книговодство и контрола:
- Водење и надгледување на главната книга и помошните книги
- Осигурување на точноста и комплетноста на финансиските записи
- Креирање на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи
- Подготовка и поднесување на завршни пресметки
- Книжење, ликвидирање и контрола на целокупна сметководствена документација
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
- Евидентирање на денарски и девизни изводи
- Електронски плаќања од банкарските сметки на компаниите, одговорен е за касата во централната
- канцеларија.
- Контролира движењата на банкарските сметки на компаниите и готовинските операции што ги вршат подрачните одделенија.
Даночно работење:
- Пресметка и поднесување на даночни пријави (ДДВ, данок на добивка, персонален данок).
- Следење на даночните промени и осигурување на усогласеност со локалните и националните даночни закони.
- Подготовка на Е-ПДД и сметководствено евидентирање, изработка и доставување на документација за Народна банка, Државен завод за статистика и други релевантни институции.
Планирање и анализа:
- Подготовка на финансиски извештаи за интерни и екстерни корисници
- Анализа на финансиски податоци за идентификување на трендови и можности за подобрување
Ревизија и усогласеност:
- Подготовка и помош при интерна и екстерна ревизија
- Осигурување на усогласеност со законските и регулаторните стандарди
Плата и човечки ресурси:
- Пресметка и исплата на плати, придонеси и персонални даноци.
- Подготовка на извештаи за социјално и здравствено осигурување.
Комуникација и советување:
- Комуникација со државни институции (УЈП, Централен регистар, АСО и сл.)
- Обезбедување финансиски совети за управување и носење одлуки
Развој и усовршување:
- Следење на промените во сметководствените стандарди (МСФИ и МСС).
- Познавање и примена на актуелна законска регулатива од овие области
- Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот
- Контрола на целокупната сметководствена евиденција.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование (Економски Факултет)
- Задолжително поседување лиценца за овластен сметководител
- Минимум 5 години работно искуство во областа сметководство и финансии
- Искуство во конкретните области ( брокерска компанија и наплатна агенција) ќе се смета за предност
- Искуство со работење во Пантеон софтвер ќе се смета за предност
- Напредно познавање на MS Office пакетот, особено на алатката Excel
- Одлично познавање на англиски јазик
ОЧЕКУВАНИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ
- Способност за справување со повеќе приоритетни активности
- Внимание на детали и структуиран начин на размислување
- Самоиницијативност и способност за работење без постојан надзор
- Експедитивност и прецизност во работењето
- Способност за запазување рокови
НИЕ НУДИМЕ
- Компетитивна плата
- Пријателска работна атмосфера
- Динамична и одговорна работа со постојан раст
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.