Vrabotuvanje.com - Координатор во сектор обезбедување на квалитет - Скопје - ПЈУРЕЛИ ПЛАНТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Координатор во сектор обезбедување на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПЈУРЕЛИ ПЛАНТ ДООЕЛ

ВРАБОТУВАМЕ
 

КООРДИНАТОР ВО СЕКТОР
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ

 

Опис на работните обврски и задачи:

  • Изработка, проверка и одржување на документите од Системот за управување со квалитет – QMS;
  • Обезбедува имплементација и усогласување на барањата на локалните и ЕУ закони, водичи за квалитет (ICH, PICs, WHO), GMP и GACP барањата, ISO 9001 и ISO 14001 стандарди и други барања за квалитет во Системот за управување со квалитет (QMS);
  • Учествува во подготовка на прашалникот и/или евалуација на добавувачите на влезни материјали и опрема;
  • Учестува како дел од тимот за екстерни проверки на производители (добавувачи) на влезни суровини и услужни компании;
  • Учествува како дел од тимот за само-инспекција при интерна проверка на компанијата (со соодветна обука и компетенција);
  • Учествува во собирање и подготовка на податоците за континуирано следење на квалитетот на производите во годишниот преглед на квалитет на производ (PQR);
  • Прави контрола дали редовно се пополнуваат обрасците во производство и другите сектори;
  • Дел од тимот за управување со ризици;
  • Врши обуки и има одговорност да врши евиденција на завршените обуки и да прави евалуација на обуката кога е во улога на обучувач;
  • Ја одржува архивата на документи во секторот за обезбедување на квалитет;
  • Доставува извештаи за својата работа до Директорот на Сектор за Обезбедување на квалитет.


Квалификации:

  • Високо образование од областа на фармација, медицина, хемија, биохемија, биотехнологија (додипломски студии), технологија;
  • Одлични комуникациски вештини за ефективна соработка со други Сектори;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Флексибилност и способност за тимско работење;
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство од областа на Обезбедување на квалитет во фармацевтска индустрија / индустрија за производство на медицински канабис / слична индустрија.

Ве покануваме, доколку имате интерес пратете ваша апликација со Професионална биографија користејќи го полето „Брза Апликација“.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде