Vrabotuvanje.com - Медицински претставник (м/ж) - Скопје - СОЛВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОЛВИС ДОО
  • Адреса: ул.Маршал тито бр.77, 1480 Гевгелија

 Солвис ДОО Гевгелија е Фармацевтска компанија која се занимава со продажба на Дермокозметика и Медицински помагала. Присутна на пазарот од 2012 година и воедно застапник на Istituto Ganassini Милано Италија и на Epsilon Health Грција.
Компанијата Солвис ДОО Гевгелија е ексклузивен увозник на програмата на реномираниот производител на Дермокозметика Istituto Ganassini S.p.A Di Richerche Biochimiche Милано Италија и ексклузивен увозник на портфолиото на компанијата Epsilon Health од Грција.

СОЛВИС ДОО ГЕВГЕЛИЈА има потреба од кандидати за следната работна позиција: 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК (М/Ж) (2 ИЗВРШИТЕЛИ)

Кој ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци, застапувајќи ги портфoлијата на реномирани производители


Потребни квалификации:
  • Факултетска диплома
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Способност за работа во динамична средина
  • Одлични презентациски и организациски вештини
Предност ќе имаат кандидати кои имаат:
  • Искуство како медицински преставник за продажба
  • Искуство во развивање Стратегии на маркетинг
  • Искуство во позиционирање на производи
  • Познавање на фармацевтската регулатива
  • Место на живеење: Скопје
 Вашата улога во тимот:
  • Спроведување дневни посети и обуки на доктори, фармацевти за употреба и продажба на производите од палетата на Солвис;
  • Присуство на настани и конференции;
  • Градење на односи со фармацевти, доктори и клучни клиенти;
  • Создавање нови продажни потенцијали и нови клиенти;
  • Едуцирање на фармацевти и доктори за придобивките од производите од палетата на Солвис;
  • Работа на терен на територија на цела држава
  • Ќе се патува низ цела Македонија
Што нудиме:
  • Пријатна работна атмосфера, учество на конгреси, програми за обуки дообразување и можност за стекнување на нови знаења.
  • Покрај основната плата, нудиме и атрактивна бонус програма, службено возило и други можности за развој и напредок во кариерата.

КАНДИДАТИТЕ ДА БИДАТ СО ПОСТОЈАНО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ. 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратете ја Вашата пријава преку полето Брза Апликација. Задолжително е вашето CV да биде на македонски и на англиски јазик. Рок на пријавување 20 дена од датумот на објавување на огласот.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
Пристигнатите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде