Vrabotuvanje.com - Работник за лепење декларации во магацин - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник за лепење декларации во магацин

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 120 маркети, а успехот на компанијата го обезбедуваат над 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
Заради проширување на тимот во ЛОГИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО ИЛИНДЕН, бараме личности кои ќе се придружат на нашиот тим на работна позиција:
 
 
РАБОТНИК ЗА ЛЕПЕЊЕ ДЕКЛАРАЦИИ ВО МАГАЦИН НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

 
Ваши задачи:
  • Декларант: лепење декларации на производите, водење грижа за стоката во магацинот, пакување на пакетчиња за Нова година и Бадник, контролирање на точни информации на декларациите на производите. Одговарност секој производ да биде обезбеден со потребната документација/декларација. 
 
Вашиот профил:
  • Средно образование
  • Минимално работно искуство
  • Здрава, силна и издржлива личност.
 
Ние Ви нудиме:
  • Навремени и сигурни примања
  • Платен секој изработен час, дополнително повисоко платенa работа на празник и прекувремена работа
  • Организиран превоз
  • Платено колективно осигурување од првиот месец
  • Пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст во нашиот хотел „Вилиџ“ во Охрид.
 
Испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел, ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите на нашата меил адреса: personal@kam.mk или преку нашата веб страница: www.kam.mk 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде