Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
ЛИБЕРТИ Скопје нуди пракса на менторски принцип во сектор за човечки ресурси:
ПРАКСА- Админитративен асистент во човечки ресурси
Времетрање на праксата:
- 3 месеци, 40 часа неделно
Потребно знаење:
- Пишан и говорен англиски јазик
- MS Office
Придобивки:
- Платена пракса согласно закон за практиканство
- Континуиран процес на учење и развој на вештини во професионална работна атмосфера
- Стекнување искуство во меѓународна компанија
- Покриени трошоци за храна
Наменето за дипломирани студенти и пост- дипломци кои се:
- Комуникативни и имаат желба за учење
- Сакаат предизвици
- Достапни за редовна пракса (40 часа неделно)
- Не постари од 34 години
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци како преддоговорна активност или, доколку се согласите ќе ги чуваме во нашата база на кандидати. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време со испраќање на барање на електронската пошта:HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com . Повеќе информации можете да најдете во Известувањето за приватност за кандидати за вработување: https://libertysteelgroup.com/mk/vacancies/