Vrabotuvanje.com - Трејд Маркетинг Менаџер - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Трејд Маркетинг Менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ТРЕЈД МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР

ШТО НУДИМЕ: 

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Флексибилност во организирање на работното време
  • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
  • Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Управување со тим и соработка со тимовите за бренд маркетинг, продажба, ComEx и други функции
  • Вкрстување на стратегиите на брендот и целите на компанијата, со стратегиите на каналите
  • Стратешки развој и извршување на планови за канали со фокус на комерцијалниот оддел, имплементирање на иновативни решенија и ставање на клиентите на прво место
  • Развивање на детална годишна стратегија за развој на канали по приоритетен канал
  • Развивање и имплементирање на планови за активирање на канали врз основа на стратегијата на каналот

ШТО БАРАМЕ

  • 5-7 години работно искуство во областа на Трејд маркетинг, идеално во FMCG индустријата
  • Проактивност и способност за постигнување резултати во дадени временски рамки
  • Личност ориентирана кон резултати, со претходно искуство во работа на важни проекти
  • Креативна личност насочена кон иновации, со силни презентациски и преговарачки вештини
  • Личност насочена кон воспоставување квалитетни односи со клучни соработници
  • Силен комерцијален пристап и силни аналитички вештини
  • Возачка дозвола - Б категорија
  • Добро познавање на англиски јазик и MS Office

 

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 16.12.2024г.

 

 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде