Тим лидер на повикувачки центар
ODM Collections d.o.o. e компанија од Белград специјализирана за откуп на побарувања. Нашата компанија е со стекната доверба од страна на бројни реномирани клиенти од различни области и гранки на индустријата на кои сме им доверлив партнер во процесот на управување со побарувањата. Со континуирано унапредување на процесите и вложување во едукација на ODM своите вработени, успеваме да ги исполниме стандардите на работењето.
Во нашата канцеларија во Скопје имаме потреба од проширување на тимот и пополнување на позицијата Тим лидер на повикувачки центар
- Стручна подготовка: ВСС; VII/1 степен
- Насока на образование: Дипл. економист, Дипл. правник, Дипл. менаџер по бизнис логистика
- Рaзвиени менаџерски способности
- Познавање на модерните програмски алатки и апликации
- Напредно познавање на Excel
- Работно искуство: минимум 3 години на наведената или слична позиција
Опис на работни обврски:
- Управување и координација на работите и стратегија во рамките на повикувачкиот центар
- Оргaнизација и следење на работата на вработените, како и спроведување на процедура за работа во повикувачкиот центар
- Идентификување на потребите, мотивацијa на вработените, планирање и спроведување редовни обуки
- Надзор и учествување во планирањето на смените, бројот на работните места и ангажирање на оператори на повикувачкиот центар
- Предлагање на унапредување на ресурсите и учество во имплементација на унапредените модели на работа
- Комуникација и соработка со други сектори во компанијата
- Координација на спогодбени, судски и вонсудски побарувања во рамки на повикувачкиот центар
- Управување, анализирање и мониторинг на доделените проекти
- Изработка и испраќање на извештаи на дневно и периодично ниво
Од кандидатот очекуваме:
- Посветеност и одговорност
- Ориентираност кон остварување на целите
- Способност за решавање на проблеми
- Добри организациски способности
- Флексибилност и конзистентност во работата
- Делегирање на работите во рамки на тимот
- Самоницијативност
- Самостојност во работењето и носењето одлуки
- Насоченост кон клиентите на компанијата
- Познавање на деловниот бон тон и етика
- Аналитичност
- Тимска работа
- Мотивираност
- Комуникативност
- Креативност
- Можност да градите кариера во високопрофесионално, стабилно и поттикнувачко работно опкружување
- Работа на предизвикувачки проекти
- Можност за стручно усовршување и професионален развој
- Стимулативни услови на работа
Доколку сте заинтересирани, а сметате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, Ве молиме да ни доставите Ваша професионална биографија за наведената работна позиција на електронската адреса со назнака “Тим лидер на повикувачки центар“
Аплицирајте преку полето Брза Апликација!
ODM Collections го задржува правото да ги контактира единствено оние кандидати кои ќе влезат во потесна селекција.