Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
Како Дистрибутер ќе бидете одговорни за:
- Дистрибуција на производите од портфолиото на ЕКСПАНДА ДООЕЛ во Прилеп и околните општини;
- Градење долгорочна соработка со клиентите на компанијата;
- Почитување на процедурите на работа;
- Редовно одржување и одговорност за возилото и опремата.
Доколку сте:
- Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
- Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
- Комуникативни и одговорни;
- Мотивирани со високо ниво на енергија;
- Чесни и лојални.
И поседувате:
- Завршено образование: минимум ССС;
- Возачка дозвола: Б категорија (минимум две години возачко искуство);
- Познавање на работа со компјутер;
- Висок личен интегритет и деловна култура.
Ние ви нудиме:
- Работно време од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок;
- Конкурентна месечна нето заработка;
- Можности за индивидуален напредок и усовршување преку дополнителни обуки и тренинзи.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација.
Рок за доставување пријави e до 29.12.2024 година.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.