Оглас за вработување на ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Секојдневни обврски:
- Дизајн и графичко уредување на рекламни материјали и останати маркетинг и промотивни материјали;
- Дизајн и продукција на веб банери за веб страни и визуелен материјал за профили на социјални мрежи;
- Подготовка на припреми за печатење;
- Соработка и комуникација со тим, контрола на постоечките дизајнерски решенија и предлагање на нови доколку е потребно;
Што бараме?
- Минимум 3 години претходно искуство, пожелно во агенција
- Креативност
- Високо познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, предност познавање на Video editing,
- Одлично познавање на англиски јазик
- Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн за адвертајзинг
- Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови
- Висок степен на одговорност и посветеност на работата
- Комуникативност
- Тимска работа
- Професионалност
- Желба за учење и надградување на знаењето
Што нудиме?
- Работа и координација со Креативен Директор
- Работа во тим со искусни професионалци од областа
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку полето Брза Апликација
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600