ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
МАГАЦИОНЕР
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.
Работни обврски и одговорности:
- Прием и дистрибуција на роба;
- Броење и распределување на роба;
- Изработка на излезни документи од магацин;
- Запазување на роковите за прием и дистрибуција на роба;
- Контрола и проверка на производите при прием според влезен документ и пријавување оштетени производи, вишок или недостаток на роба до одговорното лице;
- Грижа за соодветно складирање на артиклите во магацинот со цел нивна заштита и полесно пронаоѓање;
- Следење и извршување пописни активности на роба во магацин;
- Контрола и следење на материјално работење во магацинот;
- Одржување на хигиена во магацинот;
- Континуирано унапредување на магацинското работење со генерирање на идеи и имплементација на истите самостојно или со надворешна или внатрешна поддршка;
Потребни квалификации:
- ССС
- Работното искуство ќе се смета за предност
- Подготвеност за работа во тим
- Професионален однос кон работата
- Посветеност, лојалност и одговорност
Компанијата нуди:
- Работа во компанија со изграден имиџ во градежништвото
- Стабилност и можност за личен развој
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа
- Плата по договор
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.