ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
ШИВАЧКИ
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.
Потребни квалификации и вештини:
- Образование: ССС;
- Работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност;
- Изразени естетски вредности;
- Работа на машина (сите фази при производство на текстилни производи);
- Одржување на уредност на работниот простор;
- Прецизност и точност во работата;
- Педантност и ефикасност во работењето.
Компанијата нуди:
- Работа во компанија со изграден имиџ;
- Стабилност и можност за личен развој;
- Градење успешна кариера;
- Можност за надградба на професионален план;
- Одлични услови за работа;
- Плата по договор.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.