Оглас за вработување на СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС;
- Работно искуство во областа ќе се смета за предност;
- Активно познавање и користење на англиски јазик;
- Одлични организациони, аналитички и комуникациски вештини;
Потребни познавања и вештини:
- Инсталација и конфигурација на постоечките и нови хардверски инфраструктури (сервери, рутери, свичеви) во согласност со работните задачи;
- Секојдневно следење на системот, проверка на достапноста на сите хардверски ресурси и сервиси, решавање на проблеми со конфигурација на хардвер и софтвер;
- Водење сметка за перформансите на системот и нивно прилагодување;
- Решавање на мрежните проблеми и прекини;
- Имплементација на нови технологии;
- Конфигурирање на desktop и лаптор компјутери;
- Инсталација и одржување на компјутерски мрежи и компјутерска опрема;
- Обезбедување aнтивирусна заштита и backup алатки и процедури;
- Имплементација и мониторирање на безбедносни IT политики согласно интерните процедури;
- Водење грижа за ИТ инфраструктурата на компанијата;
- Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси;
- Обезбедување техничка поддршка на вработените во компанијата;
- Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT услуги;
- Администрирање и одржување на системи за надгледување и мониторинг;
- Редовен backup на веб сајтовите на компанијата;
- Редовна проверка на неправилности на веб сајтовите на компанијата и решавање на истите;
- Следење на домејн и хостинг на веб сајтовите на компанијата;
- Способност за индивидуална и тимска работа во динамична работна атмосфера;
- Одлични организациони, аналитички и комуникациски вештини;
- Подготвеност за работа во дадени рокови;
- Професионален однос кон работата;
- Системски пристап при работењето, аналитички вештини и вештини за решавање на зададени задачи и проблеми;
- Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.
Компанијата нуди:
- Стабилност и можност за личен развој;
- Градење успешна кариера;
- Можност за надградба на професионален план;
- Одлични услови за работа;
- Спроведување на активности за мотивирање на вработените;
- Плата по договор.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата Персонална биографија доставете ја на E-mail: contact@elenalukahome.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600