Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Клучни одговорности и задачи:
- Врши визуелна контрола, контрола на површина (горна/долна) и на ивиците на траката/лимот
- Врши метролошка контрола на ширина, дебелина и должина (за лим) и рамност
- Дава оценка за квалитетот на траката/лимот (површина, рамност) од извршена визуелна и метролошка контрола и изготвува извештај за квалитет за секој контролиран котур/лим/пакет
- Подготвува извештај за неусогласен лим/котур
- Интервенира при појава на неквалитет и проблематичен (неусогласен) котур/пакет
- При секое прештелување на линијата врши проверка на димензиите и квалитетот на лимот
- Контролира (визуелни и метролошки) земени проби за испитување
- Селектира и отстранува неквалитет од котур/пакет
- Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа
- ССС
- Со или без работно искуство
- Можност за работа во 3 смени
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа