Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
ГОТВАЧ
Работни должности:
Се грижи за работењето на кујната согласно законските прописи и стандардите на Друштвото;
Се грижи за имиџот и угледот на кујната;
Се грижи за организирање на просторот во кујната;
Се грижи за праќање на нарачки за нова роба;
Готвење и служење на готова храна;
Се грижи за редот и хигиената во продавницата;
Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
Предлози за воведување нови производи и за укинување на постоечки производи;
Се грижи за оптимални залихи на суровини и производи;
Се грижи за роковите на производите и суровините;
По потреба се грижи за редовна комуникација со училишниот персонал со цел непречено одвивање на работата на кујната;
По потреба се грижи за редовна комуникација со централата согласно зададените процедури и стандарди;
Прием и припрема на нарачки;
Врши и други работи од делокругот на неговото/нејзиното работење;
Одговорен/а за редовно известување на шефот на кујната за својата работа;
Задолжен да извршува други работи по барање на управителот.
Работни одговорности:
Се придржува кон актите на работодавачот за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци;
Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
Го почитува работниот распоред,
Ги подобрува вештините и квалификациите преку присуство на организирани обуки од друштвото;
Во комуникација со потрошувачи разговорот го води културно и етички во согласно со кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури;
Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремно внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата;
Ја почитува работната дисциплина;
Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење;
Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и правната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.