Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - РИМЕКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • РИМЕКО ДОО

Римеко доо е реномиран увозник и дистрибутер на голем број светски познати брендови на бела техника како: Bosch, Candy, Stiebel Eltron, AEG , Bomann, Conti, Sencor, Lamart, De Longi, Kenwood, Кoncar, Galanz, Prity, Tim sistem, и многу други. Примарниот развој на фирмата Римеко доо започнува во далечната 1991 година со продажба на бела техника, аудио-видео техника, климатизација, мали кујнски апарати, мали апарати за домакинство и голем избор на грејни тела.

Во малопродажна мрежа на Римеко, под име ЕLIPSO, моментално со 2 продажни салона во Скопје, се врши дистрибуција и продажба на сите брендови од сопствениот увоз на Римеко доо како и многу различни реномирани светски брендови кои локално се снабдуваат. 

РИМЕКО доо , Трговска фирма од Скопје има потреба од вработување на едно лице на работно место

СМЕТКОВОДИТЕЛ
Реон Скопје (Општина Гази Баба)

Опис на работното место:Сметководител, на определено време во времетраење од 6 месеци (предвидена можност за продолжување или пренамена на работното место со неопределен рок )

Општи услови за прием во работен однос:

  • Завршен Економски факултет ( студиски програм сметководство или финансиски менаџмент )
  • ️Работно искуство во полето на сметководството во времетраење од најмалце 3 години.
  • ️Познавање на сметководствените стандарди и книговодствените принципи и пракса
  • ️Неопходно добро познавање на Англиски јазик ( потребна е потврда)
  • Поседување на лиценца- уверение за овластен сметководител ке се смета како предност
  • ️Добро познавање на работа на компјутер ( МS office апликациите а посебно Word и Excel)
  • ️Кандидатите се должни со пријавувањето на конкурсот со биографијата да достават и документи :Диплома ( за завршен 7-ми степен или за 240 кредит систем) и останати уверенија за дополнителна стручната спремност


Опис на работата:

  • Водење на материјално и финансиско книговодство
  • Контрола на исправноста на документите
  • Евидентирање на документите/ влезни и излезни фактури /и нивно педантно архивирање
  • Плаќање на налози
  • Комуникација со сите релевантни државни институции и банки
  • Припрема на различни видови анализи, салдирање на картици со комитенти
  • Вршење на припремни работи за изработка на завршната сметка
  • Асистирање во припрема на различна документација и координација на работата при разни ревизорски или инспекциски контроли

​Квалификации:

  • Докажано искуство како Книговодител или во слична улога.
  • Солидно разбирање на основните книговодствени и сметководствени принципи.
  • Познавање и пратење на актуелните прописи и законски измени
  • Високо внимание на деталите и точност во работата.
  • Силни организациски вештини и вештини за управување со времето.
  • Способност да се ракува со доверливи информации со интегритет
  • Способност за тимска и индивидуална работа.

​Компанијата нуди:

  • Плата по договор
  • Можност за постојано вработување и работа во успешна средина
  • Континуирана обука и можност за напредување

Пријавите треба да вклучуваат :кратко мотивационо писмо и биографија( CV) кои треба да се испратат на меил: vrabotuvanje@rimeko.com.mk .Непотполните пријави нема да бидат земени во предвид.

На разговор ке бидат повикани само кандидатите кои ке влезат во потесниот избор


Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде