Vrabotuvanje.com - Деловен Асистент - Скопје - АДИНГ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Деловен Асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • АДИНГ АД
  • Адреса: Новоселски пат (ул. 1409) бр.11, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.ading.com.mk

АДИНГ објавува оглас за вработување на 

ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

Работни обврски:

  • Извршување на канцелариски и административни задачи (организација на административните задачи) и покривање на дневните активности на службите во компанијата.
  • Водење на архивата како и познавање на правилата за канцелариско работење и архивска работа.
  • Прием и распределба на пошта, телефонска и електронска комуникација со клиенти.
  • Координација и организација за деловни патувања на тимот, водење евиденција за вработените.
  • Комуникација со клиенти и вработени/ и останати работи по барање на менаџментот.
  • Следење на компаниските правила и процедури.

Услови кои треба да ги исполнувате:

  • Позитивен и професионален пристап кон работата
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти
  • Да го владеете Англискиот јазик.
  • Напредна работа со компјутери (MS Office Word, Excel, Power Point)
  • Возачка Б Категорија.
  • Да сте одговорна и доверлива личност, со добри комуникациски вештини.
  • ССС (ВСС ќе се смета за предност)
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност.
  • Искуство со административно-архивско работење ќе се смета за предност.

 

Вработувањето е најпрво на определно време на 6 месеци и зависно од перформансот можност за склучување на договор за неопределено време и пред овој рок.


Испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација,
со назнака „ЗА ОГЛАС ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ“.

Рок за аплицирање најдоцна до 30.12.2024 год.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде