Vrabotuvanje.com - Менаџер за големи купувачи - Скопје - ЕУРО ТАБАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за големи купувачи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕУРО ТАБАК ДОО

 
 
Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи 
 
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД MEНАЏЕР ЗА ГОЛЕМИ КУПУВАЧИ (KEY ACCOUNТ)
 
Локација: Скопје
Оддел: Продажба
Рок за пријавување:  23.01.2025
Позиција: 1
 
Цел на работното место:
Гарантира воспоставување и реализација на деловна соработка со големите купувачи во неговото портфолио, преговара и договара услови за соработка во сите сегменти на продажбата и маркетингот. Гарантира целосна реализација на продажните планови и таргети и на договорите со големите купувачи во согласност со политиките и стратегијата на компанијата.
 

Главни одговорности:
  • Развивање на доверливи односи со големите купувачи
  • Проширување на односите со постоечките клиенти преку предлагање решенија кои ги исполнуваат нивните цели
  • Преговара со постојните и потенцијалните купувачи во врска со склучување на договори и анекси на договори, реализација на маркетинг промоции и продажни акции, врши позиционирање на опремата и учествува во организација на настани од посебно значење. 
  • Подготвува и доставува до претпоставениот месечна анализа во врска со продажбата кај клучните клиенти и конкурентските трендови, при тоа користејќи информации од пазарот и од базата на податоци
  • На дневна основа спроведува контрола на изложеноста на брендовите и артиклите во каналот на големите купувачи во неговото портфолио.
  • Подготвува и доставува до претпоставениот неделен, месечен, квартален и годишен извештај за продажбата вклучувајќи остварени резултати наспроти планирани за обемот на продажбата, учеството во пазарот, за активностите на конкуренцијата, за отворени нови продажни места кај големите купувачи, за потенцијални купувачи 

Услови за работа: 
  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40часа;
  • Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално- технички средства;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Исплата на минат калкулиран труд;
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување;
 
Потребни квалификации:
  • ВСС, Економски факултет - Маркетинг, бизнис администрација, општа економија
  • Искуство во работа со буџети;
  • 7 години во продажба, од кои 3 години на раководна позиција
  • Комуникациски вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MC Office- Excell, Word;

Како да аплицирате: 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак. 
 

Краен рок за аплицирање: до 23.01.2025
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде