Vrabotuvanje.com - Shift Leader (Лидер на Смена во Продавница) - Скопје - ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Shift Leader (Лидер на Смена во Продавница)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ

 

Бидете и вие дел од LPP, современа и реномирана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!

 

LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.

“Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”

Нашата моментална мрежа се состои од околу 2000 продавници во Европа, Азија, Среден Исток, а од неодамна е присутна и во Скопје со сите 5 бренда. Со цел проширување на продавници низ цела Македонија во моментов сме во потрага по нашиот иден колега

SHIFT LEADER (Лидер на смена во продавница)
SINSAY

Локација: Илинден

 

Основни одговорности

  • Секојдневно организирање на работни активности вo продажен објект
  • Одговорен за вработените во продажниот објект: Грижа и евиденција на работно време на вработените; Учество во процес на селекција и регрутација на својот тим; Унапредување на вештини и знаења на вработени; Поддршка и негување на тимски дух
  • Активно спроведување и следење на компаниски процесите, кодекси и дефинирани стандарди од страна на Работодавачот; имплементација и на процедури согласно законските прописи
  • Одговорен за работни резултати, следење на истите и активна имплементација на сите планирани активности со цел постигнување на планирани продажни цели
  • Следење на залиха на роба и управување со процес на прием и поврат на роба
  • Грижа и одговорност за дневниот пазар, одговорен за состојбата на благајна каса и трезор
  • Работа и наплата на каса
  • Грижа и одржување на високи стандарди на услуга на клиенти, изгледот и хигиената на објектот

Што Очекуваме

  • Степен на образование – ССС/ВСС
  • Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија
  • Одлични комуникациски вештини
  • Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
  • Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
  • Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
  • Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

 

Ние ви Нудиме

  • Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
  • Динамична работна средина
  • Можност за кариерен раст и развој
  • Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
  • Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови

 

 

За аплицирање проследето го вашето CV на англиски јазик на recruitmentmacedonia@lppsa.com, најдоцна до 30.12.2024.

Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.

Дознај Повеќе за нас на www.lppsa.com

 


 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде