Vrabotuvanje.com - Проектен - Административен асистент - Скопје - НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Проектен - Административен асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ
  • Адреса: Ул. Пролет бр.10/1-1, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://nff.org.mk


ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН-АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
 
 
I. За Национална федерација на фармери
 
Националната Федерација на Фармери ја претставува најголемата мрежа на земјоделци и земјоделски организации во земјата. Таа ја наследи целокупната институционална меморија и искуство од Федерацијата на Земјоделци на РМ. Таа ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и кооперативи, претставувајќи го гласот на повеќе од 3.000 членови и соработувајќи со речиси сите клучни чинители од земјоделството и земјоделскиот сектор.
 
Националната Федерација на Фармери го прошири својот опсег на дејствување. Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските асоцијации и земјоделските кооперативи, организацијата  продолжи да ја зајакнува и поддржува вклученоста на ранливите категории во руралните области, поголема поддршка за младите и жените и нивното активно учество во развојот на земјоделството преку донесување одлуки и активни дејства.
 
Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е руралниот развој, односно справувањето со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничениот пристап на руралното население до здравствени услуги, образование, информации, закон и моќ на одлучување.
Главен столб на дејствување е лобирањето за дефинирање на проблемите од теренот, а преку заедничка работа и анализа тие ќе се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша земја.
 
Фокусот на Националната Федерација на Фармери, која ќе продолжи да функционира под слоганот „Заедно за успех“ и логото кое го симболизира трудот и производството на нашите земјоделци, е решавање на најголемите проблеми, а тоа е пласманот и квалитетното производство. Мисијата на ребрендираната организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР- ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која стремиме е - ПРФИТАБИЛНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО- СТАБИЛНО СЕЛО.
 

ПРОЕКТЕН-АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ


II. Цел на ангажман

Проектниот и административен асистент ќе даде поддршка на Националната Федерација на Фармери (НФФ) во имплементацијата на проектните активности, обезбедувајќи административна, логистичка и техничка поддршка. Асистентот ќе работи тесно со проектниот тим за да се осигура непречена реализација на проектите, соодветна документација и координација на активностите.
 

Обврски и одговорности на проектниот и административен асистент:
  • Теренски активности; 
  • Логистичка поддршка при организирање на настани, обуки и работилници во рамки на проектите на НФФ; 
  • Подготовка на Записници од состаноци од настани и активности; 
  • Скенирање и одржување на електронска архива на проектна документација; 
  • Доставување на писма и документација до јавни институции и релевантни засегнати страни, согласно потребите на проектот; 
  • Помош и логистичка поддршка на Проект менаџерот и Извршниот директор во имплементацијата и координацијата на проектните активности; 
  • Комуникација со целните групи на НФФ – земјоделци и рурално население; 
  • Обезбедување поддршка при собирање на податоци и спроведување анкети на терен; 
  • Одржување и ажурирање на базата на податоци за членството на НФФ, како во електронска, така и во физичка форма, обезбедувајќи податоците во базата членови на НФФ да бида секогаш ажурирани, комплетни и добро организирани; 
  • Поддршка на Финансискиот и административен координатор во процесот на спроведување на набавки за имплементација на проектни активности, согласно правилниците за набавка на донаторите и политиките и правилниците на НФФ
 
Проектниот и административен асистент мора да:
  • Ги прифати правилата, регулативите и етиката на НФФ и нејзините донатори;
  • Го извршува работниот процес совесно, навремено и одговорно во рамките на поставените рокови;
  • Го почитува воспоставениот внатрешен ред на организацијата;
  • Ја користи техничката и материјалната опрема на соодветен начин;
  • Работи проактивно во решавање на тековните проблеми во организацијата

Очекуван период на ангажман/договор

Проектниот и административен асистент ќе биде ангажиран за период од 8 (осум) месеци, од 1 февруари 2025 година до 30 септември 2025 година.
 
Работата ќе се извршува од канцеларијата на НФФ или на терен, во периодот од 08:30 до 16:30, од понеделник до петок, 8 работни часови дневно односно полно работно време.
 
Постои можност за продолжување на периодот на ангажманот, врз основа на потребите на проектите, расположливите финансии и перформансите на асистентот.

Продолжувањето ќе биде предмет на взаемна согласност помеѓу ангажираното лице и НФФ, и ќе биде потврдено пред истекот на почетниот договор.
 

III. Координација и известување

Проектниот и административен координатор за својата работа директно ќе ги извстува Проект менаџерот на НФФ и Извршниот директор на НФФ.
 

IV. Потребни квалификации и искуство
  • Соодветна диплома во областа на економија, хуманитарни и социјални науки
  • Соодветно искуство во областа на администрација, финансии, логистика, теренска работа, како и имплементација на проекти
  • Предност со претходно искуство во невладини организации
  • Одлично владеење со англискиот јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Силни организациски вештини и внимание на детали
  • Одлични комуникациски вештини (усни и писмени)
  • Способност за пишување извештаи
  • Висок степен на внимание на детали и прецизност
  • Конзистентност во одржување на интегритетот и етиката
  • Способност за работа како дел од тим и олеснување на тимската работа
  • Ефикасна комуникација и меѓучовечки вештини
  • Константно пристапување на работата со енергија и позитивен став
  • Позитивно реагирање на критички повратни информации и различни ставови
 
Процедура за апликација:
Заинтересираните кандидати/ки треба да достават CV и мотивационо писмо. Сите документи треба да бидат испратени на двете емаил адреси истовремено: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 13.01.2025, со назнака на пораката: “Апликација за Проектен и административен асистент”.
 
Апликациите примени по овој рок нема да се разгледуваат. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Јавни услуги и непрофитни организации изнесува 32.203 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде