Vrabotuvanje.com - Деловно - правен/на советник/чка - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Деловно - правен/на советник/чка

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

 

 

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село објавува слободна работна позиција за 1 работно место:

Деловно - правен/на советник/чка

 

Придружете се на СОС Детско село како ДЕЛОВНО - ПРАВЕН/НА СОВЕТНИК/ЧКА 

Локација: ул. Ристо Шишков бр.31, Центар, Скопје 

Вашата улогаДеловно-правниот/ната советник/чка е одговорен за следење на законските прописи и нивна имплементација со цел законско работење на организацијата. Одговорен/на е за усогласување на актите на организацијата согласно законски прописи и нормативи.

Вашите задачи и одговорности:

  • Анализа, ревидирање и учество во изготвување на сите видови правни акти за потребите на организацијата и нејзините правни субјекти
  • Дава стручна поддршка на усогласување на работењето од правен аспект според законската регулатива која се однесува на дејноста на организацијата;
  • Следење на законите и законските измени кои се однесуваат за сите области поврзани со работењето и навремено информирање на одговорните лица;
  • Подготвува информации, анализи, мислења и извештаи за прашања поврзани со имплементација на измени на законски и подзаконски прописи.
  • Подготвува записници од седниците на Управен Одбор и  осигурува  потпишување на одлуките донесени на седниците.
  • Ги изготвува и/или ги проверува правните акти кои се носат на ниво на установата согласно дејноста (одлуки, правилници, договори и др);
  • Следи усогласеност со закон за заштита на лични податоци како офицер за заштита на лични податоци и со други прописи кои се однесуваат на заштитата на личните податоци и со политиките на контролорот или обработувачот во однос на заштитата на личните податоци, вклучувајќи распределување на одговорности, подигнување на свеста и обучување на вработените кои што учествуваат во операциите на обработка, како и врши ревизии за заштита на личните податоци
  • Одговорно лице за извршување на активности за усогласеност на работењето на организацијата со  заштита и безбедност при работа и контакт лице со овластено стручно лице за безбедност при работа.
  • Ги имплементира политиките, стандардите и процедурите на СОС организацијата со посебен осврт на политиката за заштита на децата
  • Одговорен е за имплементација на интернационални политики и стандарди поврзани со транспарентност и отчетност на организацијата и безбедност на вработените

Што е потребно?  

  • Завршено високо образование - Правен факултет
  • Работно искуство од најмалку 2 години во граѓанско право
  • Работно искуство во областа на социјална заштита ќе се смета за предност
  • Развиени  вештини за деловно комуницирање и коресподенција
  • Професионален однос кон интерни и екстерни клиенти
  • Развиени вештини за работа во тим
  • Добро управување со своето време и ефикасно управување со ресурсите
  • Флексибилност и лесно адаптирање на промени
  • Високо ниво на дискреција и доверливост
  • Познавање на детските и човековите права
  • Познавање на регулативата од социјалната заштита и мерките за поддршка на ранливи категории на граѓани.
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Солидно знаење на англиски јазик
  • Валидна возачка дозвола Б категорија

​Што нудиме? 

  • Работно време од понеделник до петок од 8.00 до 16.00 / 9:00 до 17:00
  • Континуирани можности за професионален и личен развој
  • Можност за работа од дома (1 ден во неделата)

​Доколку сте подготвени да инспирирате раст и да поттикнете позитивни промени во нашата организација, аплицирајте најдоцна до 15.01.2025 година

Заедно, да изградиме посветла иднина за децата и заедниците!

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде