Вработување ХР Солутионс за потребите на свој клиент е во потрага по
искусен и организиран
Менаџер на Продажен Салон за работа во трговски центар
кој ќе биде одговорен за водење на продажниот процес, координација на тимот и остварување на стратешките цели на компанијата.
Клучни одговорности:
- Организација и надгледување на дневните активности во салонот.
- Раководење и мотивирање на продажниот тим.
- Планирање и спроведување на продажни стратегии.
- Контрола на залихи и обезбедување на оптимален распоред на производите.
- Извештаи и анализа на продажбата.
Барања:
- Завршено минимум средно образование.
- Минимум 3 години работно искуство во продажба или управување со продажни тимови.
- Лидерски способности и одлични организациски вештини.
- Фокусираност на резултати и решавање на проблеми.
- Познавање на работа со компјутери и аналитички алатки.
Нудат:
- Конкурентна плата со бонуси за успешност.
- Обуки и можности за професионален развој.
- Динамична средина со можности за кариерен напредок.
Ве покануваме да ја поднесете вашата апликација преку полето Брза Апликација, со ваша биографија.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг. Ви благодариме за интересот.