Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ГРАНД - ЕКСПОРТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
"Гранд – Експорт“ е приватна компанија основана во 1992 година во Скопје, Република Македонија. Во текот на изминатите 25 години, таа се етаблира како брзорастечки лидер во трговијата и дистрибуцијата во регионот на Југоисточна Европа. Компанијата е формирана и водена од професионалци со истакнато искуство и експертиза, носејќи јасна визија за поставување и надградување на нови стандарди во продажно-дистрибутивното деловно работење.
ГРАНД - ЕКСПОРТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје има потреба од
ВОЗАЧ (магацин во БИТОЛА)
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Возачка дозвола Б и Ц категорија
Работно искуство на истата позиција во докажана дистрибутивна компанија
Да не се осудувани
Способност за тимска и самостојна работа
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?
Ги очекуваме Вашите апликации со цел да се придружите на нашиот тим!
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, а воедно сте комуникативна, одговорна и флексибилна личност со желба за работа, испратете пропратно писмо заедно со вашата кратка биографија (CV) на vrabotuvanje@grand-eksport.com.mk со назнака: за ВОЗАЧ – МАГАЦИН БИТОЛА.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!