Vrabotuvanje.com - IQOS Консултант - Скопје и Тетово - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

IQOS Консултант

Скопје и Тетово

Рок за пријавување:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ

ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ЕНТУЗИЈАСТИ КОИ ИМААТ ИСКЛУЧИТЕЛНА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ ВО ТИМОТ КОЈ ПОСТОЈАНО НАПРЕДУВА И РАСТЕ!

Пријавете се за позицијата и бидете еден од новите двајца колеги во овој тим!


 
IQOS КОНСУЛТАНТ

Локации: СКОПЈЕ и ТЕТОВО
 

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Филип Морис ТКП од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на РРП тимот за продажба на IQOS™/Lil уреди од категоријата производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International.

Што претставува IQOS™?

IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари кои го согоруваат тутунот, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот посетете го сајтот www.pmiscience.com/our-products/platform1.

Како IQOS Консултант ќе бидете одговорни за:

  • Зголемување на продажбата и унапредување на процесите кај IQOS деловните партнери;
  • Координирање, посета и контрола на деловните партнери од својата територија по претходно утврдена агенда;
  • Одговорен за креирање на нарачки од страна на деловните партнери;
  • Контрола на залиха и избегнување на OOS (out of stock);
  • Асистенција при потпишување нови договори за деловна соработка;
  • Асистенција и обука при имплементирање на софтвер за малопродажба кај секој нов деловен партнер.

Доколку сте:

  • Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Ориентирани кон иновации и нови технологии;
  • Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.

И поседувате:

  • Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
  • Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
  • Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
  • Возачка дозвола Б категорија (задолжително активен возач);
  • Искуство во продажба (пожелно во малопродажба).

Ние ви нудиме: 

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; 
  • Нето месечна заработка од 39.000 МКД + атрактивен месечен бонус до 18.000 МКД во зависност од работниот учинок;
  • Службено возило;
  • Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок.
     

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 15.01.2025. година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде