Vrabotuvanje.com - IQOS Продажен експерт - Територија на Р.Македонија - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

IQOS Продажен експерт

Територија на Р.Македонија

Рок за пријавување:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ

ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ЕНТУЗИЈАСТИ КОИ ИМААТ ИСКЛУЧИТЕЛНА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ ВО ТИМОТ КОЈ ПОСТОЈАНО НАПРЕДУВА И РАСТЕ!

Пријавете се за позицијата и бидете еден од новите 13 колеги во овој тим


 
IQOS ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ

Локација: Сите градови во Македонија
 

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Филип Морис ТКП од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на тимот за продажба на IQOS™ уред од категоријата производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International. 

Што претставува IQOS™?

IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари кои го согоруваат тутунот, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот посетете го сајтот www.pmiscience.com/our-products/platform1.

Како IQOS™ Продажен експерт ќе бидете одговорни за:

  • Eдукација на продажното место за IQOS ILUMA/LIL EZ кај директни IQOS партнери; 
  • Продажба на IQOS ILUMA/LIL EZ уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
  • Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS ILUMA/LIL EZ уредот;
  • Грижа за асортиманот и уредите на продажното место.

Доколку сте:

  • Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Ориентирани кон иновации и нови технологии;
  • Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.

И поседувате:

  • Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
  • Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
  • Познавање други јазици (албански, турски-пожелно но не обврзувачки);
  • Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
  • Искуство во продажба или маркетинг (пожелно во малопродажба).

Ние ви нудиме: 

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; 
  • Конкурентна нето месечна заработка;
  • Работно време: 40 часа неделно во смени, од понеделник до сабота. 
 
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 15.01.2025. година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде