Фирмата ИНОВА ЛТД чија основна дејност е големопродажба на водоводни, санитарни и канализациони материјали има потреба од следната работна позиција:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ/КА ЗА ПРОДАЖБА НА ИНСТАЛАЦИОНИ СИСТЕМИ ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
Потребни квалификации:
- Најмалку завршено високо образование-Економски, Градежен или Машински факултет
- Пожелно претходно работно искуство во слична дејност
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет и работа со компјутер
- Пожелно техничко познавање на системите за водовод и канализација
- Професионално однесување
- Пожелно познавање на странски јазик
- Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач)
Работни задачи:
- Продажба на нашата палета на производи, како и комерцијална и техничка подршка на постојните клиенти
- Посета на постоечки и нови клиенти како и следење на конкуренцијата и нивните цени
Работни услови:
- Работното време е од 07:30 до 15:30 секој работен ден
- Нудиме атрактивна плата по договор
- Службен телефон
- Службен компјутер
- Службено возило
Доколку ги исполнувате погоренаведените критериуми и сте заинтересирани за позицијата, Ве покануваме да се пријавите со испраќање на Вашата кратка биографија (CV), преку полето Брза Апликација.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.