Фирмата ИНОВА ЛТД чија основна дејност е големопродажба на водоводни, санитарни и канализациони материјали има потреба од следната работна позиција:
АСИСТЕНТ ВО СЕКТОР КОМЕРЦИЈА НА ИНСТАЛАЦИОНИ СИСТЕМИ ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
Напомена: Се работи за канцеларска работа - реон Трубарево, Гази Баба, Скопје.
Потребни квалификации:
- Најмалку завршено високо образование-Економски, Градежен или Машински факултет
- Пожелно претходно работно искуство во слична дејност
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет и работа со компјутер
- Пожелно техничко познавање на системите за водовод и канализација
- Професионално однесување
- Пожелно познавање на англиски јазик
Работни задачи:
- Одговарање на барања за понуди, односно давање понуди и директна комуникација со клиенти
- Примања нарачки од клиентите, фактурирање, следење на испораките и реализацијата на испораките
- Следење на финансиската состојба на клиентите и активно учество во наплатата на побарувањата
Работни услови:
- Работното време е од 07:30 до 15:30 секој работен ден
- Нудиме атрактивна плата по договор
- Службен телефон
- Службен компјутер
Доколку ги исполнувате погоренаведените критериуми и сте заинтересирани за позицијата, Ве покануваме да се пријавите со испраќање на Вашата кратка биографија (CV), преку полето Брза Апликација.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.