ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Проверка при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација;
- Проверка и книжење на изводи од банки;
- Проверка на книжењето на трансакциите;
- Пресметка/изработка на даночни пријави;
- Изработка и контрола на извештаи за тековно работење;
- Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот;
- Познавање, следење и примена на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива;
- Комуникација со надворешни институции и групацијата и нивните сметководства.
- Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување и понатамошна трансформација на неопределено време;
- Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
- Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
- Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
- Високо или средно образование од областа на економските науки;
- Работно искуство од најмалку 2 години во доменот на вршење на сметководствени работи;
- За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување, друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво;
- За предност ќе се смета Лиценца за овластен сметководител / сметководител;
- Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office;
- Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
- Комуникациски способности, способност за тимска работа.