Vrabotuvanje.com - Супервизор на хигиена - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Супервизор на хигиена

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје
  • Телефон: 070 280 335

Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.

Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост. Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот,  работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.

Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!

ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:

СУПЕРВИЗОР НА ХИГИЕНА


Потребни квалификации:

  • Вештини за управување со вработени,
  • Комуникациски и организациски способности,
  • Способност за проценка на обемот на работни активности,
  • Високо ниво на доверливост,
  • Спремност на теренска работа,
  • Познавање на работа со машини за одржување на хигиена,
  • Познавање на MS Office,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Познавање на материјалите и средствата за работа,


Опис на работата:

  • Супервизор на хигиена е одговорен за квалитет и организација на одржување хигиена во деловните објекти,
  • Одговорен  за изработка, организирање и извршување на плановите за одржување на хигиената во станбени и деловни објекти,
  • Организација на распоред на вработените,
  • Координација на работите и постојана комуникација со вработените,
  • Водење евиденција на работењето на вработените во сектор хигиена,
  • Комуникација со клиентите и решавање на настанати проблеми со станбените и деловните објекти,
  • Надзор и корекција на обврските на интервентни тимови за работа и хигиеничари,
  • Евиденција и набавка на средства за работа и опрема за работа,
  • Контрола на одржување на машините за одржување на хигиена,


Што нудиме:

  • мотивирачка атмосфера и плата по договор,
  • полно работно време од понеделник-сабота во две смени,
  • колективно осигурување од несреќа,
  • платени дополнителни часови,
  • годишен одмор од 20 дена,
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата СУПЕРВИЗОР НА ХИГИЕНА.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде