Продавач / Касиер - Скопје
Скопје
Рок за пријавување:
- МАКПЕТРОЛ АД
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
О Г Л А С
За вработување на 7 (седум) работници на определено време од 5 (пет) месеци, (со можност за продолжување на договорот) во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на бензинска станица во Регион Скопје во Дирекцијата за малопродажба, и тоа:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно образование;
- Работно искуство од најмалку 2 (две) години;
- Основната нето плата за изнесува 30.000 денари.
2 (двајца) работници на работно место продавач – касиер
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно образование;
- Работно искуство од најмалку 2 (две) години;
- Основната нето плата за изнесува 28.500 денари.
- Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
- Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
- Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
лица за контакт:
Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!