Vrabotuvanje.com - Земјоделски инженер /Агроном - Штип - ИМАКО ВИНО ДООЕЛ Штип
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Земјоделски инженер /Агроном

Штип

Рок за пријавување:

  • ИМАКО ВИНО ДООЕЛ Штип

ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба која се наоѓа во Повардарскиот вински регион, Овчеполското виногорје. Со долгогодишно искуство во производство на извонредни вина и други алкохолни пијалоци, оставаме трага како на домашниот така и на меѓународниот пазар. Со спојување на традиција и иновација ние се стремиме да произведеме квалитетни и препознатливи вина.

Поради континуиран развој сакаме да ни се придружат посветени и ентузијастични колеги кои ќе станат дел од нашиот тим.

Придружи ни се како Земјоделски инженер /Агроном 

Локација Штип 

 

За работната позиција:

Како Земјоделски инженер / Aгроном ќе раководиш со сопствените лозја на винаријата Имако и ќе бидеш вклучен во планирање, организирање и контрола на циклусот (терен, луѓе, машини, опрема, системи, алати и други средства) на култивација на винова лоза со цел обезбедување висококвалитетно грозје.

Одговорности и работни задачи

  • Планирање и организирање на циклусот на култивација на винова лоза од садење до берба;
  • Организирање на вработените, нивно обучување, распоредување и контролирање во работењето;
  • Навремено координирање и ефикасно спроведување на контролни мерки за  одржување на теренот, земјата и здравјето на лозјата;
  • Извршување на сите активности поврзани со берба за потребите на винаријата;
  • Обезбедување исправност, ефикасно и безбедно користење на средствата и опремата за работа (машини, алати, трактори и друга машинерија);
  • Учествува во буџетирање на операциите и ресурсите во неговиот делокруг;
  • Согледување и анализирање на сите интерни и екстерни фактори за квалитетен плод, предлагање на мерки и подготовка на извештаи со препораки кои нудат ефективни, наверемени и економски поволни решенија;
  • Соработка со Директорот на Област Производство и други сектори од компанијата со цел обезбедување на соодветни врсти на грозје со цел исполнување на оптималните планови на производство

Потребни квалификации

  • Висок образование Агрономија или Земјоделски факултет
  • Минимум 3-5 години работно искуство со лозови насади или земјоделски посеви
  • Предност е работно искуство на раководно место во наведената област
  • Познавање на работа со компјутер и поседување компјутерски вештини
  • Способност за планирање и организација на процесите
  • Способност за менаџирање на процеси и луѓе

Од тебе се очекува

  • Следење на работни упатства и процедури
  • Ефикасност во извршувањето на работните задачи
  • Одлични вештини за комуникација и тимска работа
  • Силни аналитички вештини и вештини за решавање на проблеми
  • Споосбност за градење релации и за евалуација на подредените

Што нудиме?

  1. Соодветна обука за позицијата и почетна стручна поддршка во извршувањето на задачите;
  2. Редовна и компетитивна плата согласно познавањата и работното искуство на кандидатот;
  3. Можност за напредување и наградување.
 

Исконтактирај нѐ преку Брзата Апликација или на 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде