DEVOLLI GROUP DOOEL - SKOPJE
во моментов има потреба од следната работна позиција:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Потребни квалификации:
- ССС или ВСС
- Пожелно е познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office програмите и интернет
- Возачка дозвола Б – категорија / активен возач (минимум 2 години)
- Постојано место на живеење во Скопје
- Работно искуство на иста позиција
Опис на работата:
- Наоѓање нови клиенти и градење долгорочни односи
- Менаџирање на продажниот процес (понуда, преговори, контрола на достава на производи и нивна наплата)
- Следење на работата на конкурентните компании во однос на ценовната политика и понуда на конкурентни производи
- Изготвување извештаи и нивно навремено доставување
Потребни вештини и способности:
- Динамична личност, насочена кон остварување на резултати
- Флексибилност за работа на терен
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Преземање на иницијатива, одговорна и вредна личност
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа
- Професионално однесување
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови
Работни услови:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување на неопределен временски период
- Дневно работно време од 08.00 – 16.00 часот, од понеделник до петок
- Почетната нето плата за оваа позиција изнесува 30.000,00 денари + процент
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете биографија преку полето Аплицирај.