За подобрување на нашиот тим во Кичево, ние сме во потрага по
ПРОЦЕС ИНЖЕНЕР
- Процес инженерот е одговорен за осмислување и поставување на работните процеси со цел обезбедување на квалитетен производ на најефикасен начин;
- Ги следи процес стандардите за производството, цртежите на производите и ја почитува безбедноста на вработените и самиот производ;
- Учествува во дефинирање на потребната опрема од фаза на цртеж /дизајн се до проверка на истата и дава краен извештај за функционалноста при што остварува со добавувачите на опремата најдобра пракса, lesson learned и global design mindset;
- Редовно ги надгледува и оценува процес параметрите , промените при модификација на линијата и врши редовно ажурирање на пропратната документација
- Учествува во имплементација на нови проекти и дава свој придонес за поефикасно имплементирање на новите проекти во сериското производство
- Дава предлози и решенија за ажурирање на просторниот план за производните линии во фабриката
- Собирање на податоци за калкулација на промената на трошоците во смисла на измена на работен процес , операција како и употреба на нови материјали
- Учествува со предлози за континуирано подобрување на процес FMEA и има одговорност за нејзино надградување/ажурирање;
- Комплетирање на документацијата поврзана со процесите како Работни Упатства, Процес параметри , Line Layout, Process Flow
- Постигнува подобрување на TOP 3 RPN од секој проект;
- Учествува на редовни дневни и неделни состаноци на тимот како и состаноци поврзани со нови проекти и решавање на проблеми кај постоечки проекти;
- Учество во решавање на забелешки како барања на клиенти, внатрешна реакција на QRQC, итн.;
- Соработка со JSS Core Engineering, со цел да го разбере соодветниот процес за изработка на производот и истиот да го осигура во однос на барањата земени во предвид во текот на развојот на производот, односно учество на состаноци за изработка на физибилити студија;
- Подготовка на спецификациите на опремата согласно на барањата на специфичниот производ и процесите поврзани со неговата изработка;
- Поддршка и претставување на производствени работилници и настани за развој на производот;
- Извршување на задачи поврзани со нови или трансфер проекти почитувајќи ги JSS стандардите;
- Исполнување на условите за сериско производство во роковите пред почеток на производство (SOP);
- Помага во градење на PROTO / PV производи;
- Поддршка на производство после SOP на проектите и дава предлози за унапредување на процесите;
- Го подржува одделот за одржување, производство во дневните активности и проблеми;
- Се грижи за валидација на алатите и води евиденција за истото вклучувајќи ги промените кои настануваат на алатот во употреба
- Подобрување , управување и надгледување на машинските параметри (tracker и line sheets);
- Проверка и потпис на новата опрема од добавувачот пред пренесување на истата до JSS локацијата во производство;
- Поддршка за 8D известување;
- Имплементација на методологија за безбедност на производот во производство
- Образование -Техничко образование од ВСС од областа на машинство, електротехника или текстилно инженерство
- Познавање и разбирање на техничките цртежи
- Англиски – напредно ниво
- Корисничко ниво на компјутерски вештини (AUTOCAD, Microsoft Office, WWW , итн.)
Ве молиме испратете ја Вашата апликација за работа на македонски и англиски јазик.
Телефон: +389 45 273 913
Џојсон Сејфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево
Човечки ресурси
ТИРЗ Кичево, 6250 Кичево, Македонија
www.joysonsafety.com